Соопштение за јавност
Мицкоски го осиромашува народот – Македонија на врвот со најскап леб во Европа!
Додека владата на Мицкоски е летната во облаци и мисли да купува авион Македонија се најде на третото место во Европа според поскапувањето на лебот, покажаа последните податоци на Евростат.
Огромна е скапотијата, граѓаните се борат да преживеат и да ги задоволат основните потреби а владата не презема ништо. Цените на основните производи се вивнати до небо, потрошувачката кошничка за само еден месец поскапе за 400 денари и достигна рекордни 63.000 денари.
Ова е директен резултат на погрешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кои ги фаворизираат богатите елити, а ги забораваат граѓаните.
Големата скапотија и високите цени ги изедоа приходите на македонските семејства и тоа е закана за зголемување на сиромаштијата.
Немаме за леб а купуваме чоколадо е повторно дел од политиките на оваа власт.
СДСМ бара владата да престане да води инает и да ги прифати предлозите на СДСМ за:
* Укинување на ДДВ-то на основните прехранбени производи.
* Зголемување на минималната плата и платите во останатите ресори.
* Да преземе мерки за контрола на цените на храната и енергенсите.
Доста е од лажни ветувања и празни зборови! Граѓаните не можат да издржат повеќе!