Соопштение за јавност
Единствените кои со години ги изолираа и делеа граѓаните се токму ВМРО-ДПМНЕ кои заради криминалните интереси, потполно ги игнорираа потребите на граѓаните.
Доказ за тоа се пропустите и провизиите за автопатот од Кичево до Охрид кои одат на штета и натамошна изолација на граѓаните од овој регион. Доказ за тоа е и носењето на лажни инвеститори како Субрата Рој и неговите криминални проекти во градот Охрид и охридскиот регион кои се под заштита на УНЕСКО.
Со неспособноста да се санира автопатот Битола – Ресен, со лажните инвестиции околу Преспанското езеро и долгогодишната незаинтерсираност за решавање на проблемот со струшката депонија, ВМРО-ДПМНЕ ги заборави и изолира граѓаните од овој регион, додека во меѓувреме активно работеше на криминално богатење на партиското раководство.
Наместо во недостиг на идеи да се обидува да профитира врз несреќата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ треба да се однесува разумно и да ги остави надлежните институции да ја вршат својата работа.
Скопје, 03.07.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА