fbpx

Завршува узурпацијата на државните институции, професионалнизацијата на институциите е граѓански и државен интерес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ очигледно не ги познава процедурите и законите во Република Македонија. Во итни ситуации, законите дозволуваат именување в.д. директори или вршители на должност кои овозможуваат раководење на институциите додека не се распише конкурс.

На граѓаните на Македонија итно им се потребни функционални и професионални државни институции кои работат во нивен интерес и од тие причини именувањето в.д. директори се прави за итно да се ослободат клучните институции кои беа заробени од кадри под директна контрола на Никола Груевски. За вдомување на ваквите послушни кадри и за целосна узурпација на институциите специјално се штимале систематизацијата и критериумите за вработување.

Во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници со цел да се одблокираат институциите, да се овозможи демократски трансфер на власта во сите ресори и да се обезбедат професионални државни институции кои ќе работат во служба и интерес на граѓаните.

 

Скопје, 03.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести