fbpx

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ треба во своите редови да бараат одговорност за промашувањето во изведбата на патот Кичево- Охрид

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ навистина беа загрижени за начинот, времетрањето и квалитетот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, тогаш ќе ја прашаа претходната Влада зошто изградбата се одолговлекува и зошто финалниот рок за пуштање во употреба беше поместен од 2018 за 2019 година.

Проектите на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата се полни со криминал и корупција, а доказ за тоа се истрагите на Специјалното јавно обвинителство за автопатите Кичево –Охрид и Миладиновци – Штип како и обвинението за проневера и перење пари при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, случај кој беше под истрага и на Европската агенција за борба против корупцијата, ОЛАФ.

Факт е дека работата на автопатот Кичево – Охрид се одвива со помал интезитет бидејќи бидејќи проектот за авотпатот е промашен, трасата е згрешена, а на неколку места постои обрусувување и нестабилност на косините.

Доколку советниците од ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеа за интересите на граѓаните, ќе ја увидеа реалната фактичка состојба и ќе бараа одговорност за промашувањата во изведбата на овој проект, но и одговорност за провизиите од автопатите за кои целата јавност слушна преку проектот Вистината за Македонија. Но наместо тоа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, како и досега, продолжуваат да работат во заштита на криминалното раководство на партијата и на штета на интересите на граѓаните.

Со почит
Центар за комуникации СДСМ Охрид

 

Последни вести