Соопштение за јавност
Единствените исплашени од профункционирањето на правната државата и правдата што доаѓа се Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои со децениското криминално владеење нанесоа огромни штети врз државата и граѓаните.
Владата предводена од СДСМ, преку зацртаните реформи посветено ќе работи на создавање услови за независен и ефикасен правосуден систем. Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат независно, чесно и професионално судство. Токму затоа, една од клучните реформи ќе биде реизборот во судството, кое ќе се спроведува според познати европски пракси, далеку од влијанието на политичарите.
На тој начин, наместо досегашното партизирано Сваровски судство, Македонија ќе добие независно и професионално судство во кое правдата ќе биде достапна за сите подеднакво.
Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднакво без разлика на нивната етничка, верска или партиска припадност. Секој граѓанин на Република Македонија, ќе одговара за своите постапки пред независен и непристрасен судски систем и тоа е најголемиот страв на криминалното раководство на ВМРО ДПМНЕ.
Скопје, 14.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА