fbpx

Тренчевска: Новото нормално на ДПМНЕ да отфрлаат закони кои значат намалени трошоци за граѓаните!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тренчевска: Новото нормално на ДПМНЕ да отфрлаат закони кои значат намалени трошоци за граѓаните!

„Новото нормално на Христијан Мицкоски е дека ДПМНЕ и нивните приврзоци ЗНАМ и ВЛЕН застанаа против граѓаните и не ги прифатија законите за намалување на ДДВ на струјата и основните прехранбени производи,“ истакна пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ.

Денес во Собранието на Република Северна Македонија, сведочевме на уште еден акт на отуѓеност и негрижа од страна на владејачкото мнозинство. Наместо да ја прифатат мерката која директно ќе им помогнеше на граѓаните, пратениците на ДПМНЕ и нивните коалициски партнери ги отфрлија предложените измени на Законот за ДДВ, со кои предвидовме намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18% на 5% и целосно укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи.

„Ова беше можност да се стави крај на скапотијата и да им помогнеме на граѓаните да имаат пониски сметки за струја и поевтина храна. Но, за жал, ДПМНЕ уште еднаш покажа дека партиските калкулации им се поважни од животниот стандард на народот,“ потенцираше Тренчевска.

Во време на постојан пораст на цените на храната, кога електричната енергија стана најскапа во регионот, кога граѓаните се борат со неизвесноста за секој нареден месец, владејачкото мнозинство одби да поддржи конкретни мерки што веднаш ќе значеа намалени трошоци за домаќинствата.

„Предложивме одржливи решенија – намалувањето на ДДВ-то за струјата ќе значеше 13% пониски сметки за над 600 илјади домаќинства. На пример, за сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедеа 400 денари месечно, а за повисоките сметки заштедата ќе беше уште поголема,“ нагласи Тренчевска.

Истото важи и за основните прехранбени производи – намалувањето на ДДВ од 5% на 0% ќе значеше над 3.000 производи поевтини, вклучувајќи леб, брашно, млеко, јајца, масло, шеќер и сите други неопходни намирници што секојдневно ги купуваат граѓаните.

„Но, наместо да ги поддржат овие мерки, сведочиме на политички калкулации и отфрлање на предлози кои можат да направат реална разлика во животите на граѓаните. Ова е уште еден доказ за тоа колку е оддалечена оваа власт од реалноста,“ заклучи Тренчевска.

СДСМ ќе продолжи да се бори за мерки кои вистински ќе им помогнат на граѓаните и ќе го заштитат нивниот стандард.

https://www.facebook.com/share/p/18awjLMTVK/

Последни вести