fbpx

Филипче: Денес и секој ден, стоиме покрај храбрите борци со ретки болести

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Денес и секој ден, стоиме покрај храбрите борци со ретки болести

Денешниот Меѓународен Ден на ретки болести е повеќе од датум во календар, тој е повик за солидарност, поддршка и разбирање, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во своето видео обраќање по повод денешниот Меѓународен ден на ретки.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Денешниот меѓународен ден на ретки болести е повеќе од датум во календар, тој е повик за солидарност, поддршка и разбирање.Вие сте најхрабрите борци што ги познава човештвото. Ја водите најсветата битка, битка за здравјето и за животот. Под слоганот „Гушни за ретки болести“, да се обединиме и да застанеме заедно и покажеме дека тие не се заборавени. Јас сум горд што во мојот мандат како министер за здравство во Владата на СДСМ, покажавме вистинска грижа и направивме сериозен исчекор. Двојно го зголемивме буџетот за ретки болести, обезбедивме девет нови лекови, меѓу кои за прв пат и нов лек за пациентите со спинална мускулна атрофија. Ги вклучивме невладините организации во сите процеси за унапредување на квалитетот на животот на пациентите. Денес луѓето со ретки болести се соочуваат со бројни предизвици од доцна дијагностика, недостаток на соодветна терапија или скапа специјална исхрана, до ограничени можности за образование и вработување. Заедничка е обврската да изградиме похумано и инклузивно општество во кое секој ќе има можност за достоинствен живот. Затоа не само денес секојдневно да ги прегрнеме овие храбри борци, да покажеме солидарност и грижа. Да докажеме дека стоиме покрај нив во оваа животна борба чекор по чекор, колку и да е потребно”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

https://www.facebook.com/share/v/1BBhw8T27E/

Последни вести