Соопштение за јавност
Неопходно е ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престане да се однесува деструктивно и да ги дестабилизира државата и граѓаните.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ веќе нанесе штета на граѓаните со тоа што ги остави 5 месеци без нова Влада, а од денеска и без градоначалници и советници.
Парламентарното мнозинство, како што вети, нема да го дозволи хаосот што го планираат Никола Груевски и соработниците за да го избегнат соочувањето со правдата.
За таа цел денеска е договорено да се направат законски измени со коишто ќе биде утврден датумот за локалните избори, а во меѓувреме ќе биде продолжен мандатот на досегашните локални власти.
Повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се постави конструктивно, да престанат со приземните политики на задоволување лични интереси и конечно да покажат одговорност кон граѓаните и државата.
Согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател. Согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада. Следуваат и законските измени за локалните избори.
Демократските промени се врвен државен и граѓански интерес и секој има лична одговорност да се вгради во нив.
Скопје, 15.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА