fbpx

Граѓаните нема да плаќаат радиодифузна такса, Груевски сака да плаќаат, ама тоа повеќе не зависи од него!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните нема да плаќаат радиодифузна такса!

И тоа нема да биде единствената давачка со којашто новата Влада ќе им олесни на граѓаните. Ќе има намалувања и на други давачки со што ќе овозможиме на граѓаните да им остануваат повеќе пари во семејните буџети со коишто сега не можат ни да се прехранат.

Ќе има и нови и подобро платени реални работни места.

Тоа што Никола Груевски сам гласно се изјасни против укинувањето на радиодифузната такса е само потврда дека тој и фамилијата се само за полнење на сопствените џебови и затоа прават се против мнозинската волја да останат на власт.

Ќе има нова Влада што ќе се грижи за граѓаните и радиодифузината такса ќе биде укината. Ништо повеќе не зависи од Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 11.05.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести