Соопштение за јавност
Неопходно за Република Македонија е што поскоро да се избере новата реформска Влада, којашто ќе инвестира 600 милиони евра за изградба на патишта во првите две години од мандатот и конечно ќе почне да ги решава реалните потреби на граѓаните.
Никола Груевски со своето однесување оддава впечаток дека нема допир со реалноста.
Неопходно е одговорните членови на ВМРО-ДПМНЕ да и помогнат на партијата да биде разумна и конструктивна опозиција којашто и е потребна на Република Македонија во интерес на реформските процеси за граѓаните и евро-атлантските интеграции.
Скопје, 11.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА