Соопштение за јавност
Ќе бидат преиспитани сите милионски долгови што државните и јавни претпријатија ги направиле по основ на неплатени даноци.
И според последната должничка листа на УЈП, меѓу најголемите должници се државните и јавните претпријатија, коишто должат и по неколку милиони евра за неплатен данок.
Институциите го толерираат ваквото расипничко работење на државните и јавните претпријатија, меѓу кои е Македонската Радио Телевизија, без никој да сноси одговорност за тоа, а илјадници граѓани заради сметки за радиодифузна такса секојдневно се мачат со блокирани сметки и извршители на врата!
Затоа исклучително важно за граѓаните е демократските процеси да продолжат, Иванов да го даде мандатот и побрзо да се формира новата Влада којашто ќе обезбеди транспарентно и отчетно раководење со јавните и државни претпријатија ќе ја укине и радиодифузната такса.
ВМРО -ДПМНЕ треба веднаш да престане да ги опструира демократските процеси и да овозможува несовесно работење на нивните кадри на штета на граѓаните!
Скопје, 11.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА