fbpx

Никој нема да ја злоупотребува полицијата како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, a за злоупотребите ќе има одгворност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија ќе добие модерна и ефикасна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните.

Никогаш повеќе никој нема да смее да ја злоупотребува полицијата од партиски штабови, ниту пак во неа ќе има место за криминалци!

Никогаш повеќе полицијата нема да дејствува како партиски апарат за присила и заплашување, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе биде санкционирано секое прекршување на Уставот и законите и секој чин на насилство, како што e инцидентот во Собранието на Р.Македонија каде што беа нападнати пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Парламентарното мнозинство на легитимен и легален начин избра легитимен и признаен претседател на Собранието. Преку почитување на Деловникот, Уставот и законите, ќе биде формирана и новата реформска Влада која ќе ги започне реформите во сите ресори, вклучувајќи ја и полицијата која ќе биде професионален, ефикасен и модерен безбедносен систем кој ќе работи во интерес на граѓаните, а не во интерес на партии и поединци.

 

Скопје, 08.05.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести