Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати честитка до новоизбраниот претседател на Република Фарнција, Емануел Макрон.
„Ви го честитам изборот за нов претседател на Франција во име на граѓаните на Р.Македонија, на Социјалдемократскиот сојуз и во свое лично име.
Ги цениме и поздравуваме заложбите што ги негувате за слобода и демократија во една обединета Европа, што е дополнително охрабрување за земјите кандидатки на ЕУ, како што е Република Македонија.
Франција како еден од столбовите на Европска унија, има важна улога и за развојот, стабилноста и безбедноста на целиот балкански регион и уверен сум дека Вашите политики ќе бидат дополнителен придонес и охрабрување за овие важни процеси.
Граѓаните на Република Македонија силно го почитуваат придонесот на Република Франција за обновата на демократските процеси во Македонија како и големата поддршка на евро-атлантските интеграции на нашата држава.
Како добар пријател и партнер на Р.Македонија и како претседател на земја пријател на Македонија, очекувам дека ќе ја продолжиме да ја развиваме и продолабочуваме нашата соработка.“
Скопје, 08.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА