Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое име и во име на СДСМ, испрати телеграма со сочувство до семесјтвото на застреланиот градоначалник на општина Боговиње, Хазби Идризи, како и до неговите колеги во општината и во партијата ДУИ.
„Изразувам искрено и длабоко сочувство за смртта на Хазби Идризи, до семејството, пријателите, колегите на градоначалникот на општина Боговиње.
Никој нема право да одземе човечки живот од какви и да е причини.
Очекувам истрагата брзо и ефикасно да се заврши во интерес на правдата и вистината.
Во овие моменти на тага, се надевам дека ќе успеете да најдете утеха во делата на Хазби Идризи преку коишто тој останува дел од вашето семејство и од работната средина на којашто и припаѓаше и каде придонесуваше“.
Скопје, 06.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА