Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка
Мицкоски и Таравари фатени во лаги за паркингот на Клинички центар
Изјавите на министерот за здравство Таравари и на премерот Мицковски во однос на паркингот на Клинички центар се дефинитивно контрадикторни и се гледа дека оставаат простор, за да бидат поблаги реакциите во јавноста, заради договорот со албанската фирма.
Прво, како е можно Таравари да тврди дека договорот ќе биде на 7,8 години и со изговор дека Клиничкиот центар, потоа, нема да биде таму. А, имаме изјава и од премерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека нема да има нов Клинички центар.
Дали со ова Таравари се обидува да ја намали штетата, односно да ги ублажи реакциите во јавноста, како што кажав и претходно, а со цел секако, да се оди со овој договор до крај.
Мицковски, пак, намерно остава простор за потпишување на договорот кога вели, затоа и ќе цитирам да бидеме прецизни: ’Во предвид ја земаме тендерската спецификација и се разбира дека фирма што нема кредибилитет, нема бонитет, ниту технички карактеристики, нема да биде избрана и сето ова тука завршува‘.
Дали ова значи дека ако фирмата има бонитет и кредибилитет, овој скандалозен договор треба да се потпише? Зошто Мицкоски тогаш не го отфрли веднаш? Станува збор за договор со којшто 99% проценти од профитот оди за албанската фирма, а 1% за државата. Затоа ние бараме итно објавување на повикот од страна на Министерството за здравство, итно објавување на физибилити студијата за кој е распишан тендерот. Тоа и Мицкоски и Таравари и го должат на јавноста.