fbpx

Делегација на СДСМ оддаде почит: Ја реализираме визијата на великанот Делчев и низ заедништво ја развиваме Македонија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Делегации на СДСМ по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на големиот визионер и национален херој.

Партиска делегација на СДСМ предводена од Миле Зечевиќ, организациски секретар на СДСМ во состав Цветанка Ласкова, претседателка на Форумот на жени и Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на вечното почивалиште на Делчев во црквата Свети Спас, а потоа оддадоа почит и положија цвеќе и на неговиот споменик на плоштадот Македонија.

Во чест на годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев денеска испраќаме силна порака дека повторно заедно и обединети, сите граѓани на Р.Македонија без разлика на верска и национална припадност преку концептот на заедништво цврсто определени и посветени на демократските вредности ја враќаме демократијата како најсилна гаранција за слободна, независна и унитарна Р.Македонија.

Преку своите искрени и непокорни заложби за слобода, обединувајќи ги сите слободоумни граѓани во минатото, а и денес, Гоце Делчев остави неизбришливa трагa во историјата на Р.Македонија. Делото на Гоце Делчев останува цврст мотив за сегашните и за идните генерации за слобода, еднаквост, правда, како темелни вредности на мирот и просперитетот на Република Македонија.

Неговите заложби и визија за културен натпревар помеѓу народите се и наша обврска во тој дух да ја развиваме Република Македонија како дел од светот.

Социјадемократскиот сојуз на Македонија одлучно стои зад овие вредности, за што говорат и нашите определби за заедништво помеѓу граѓаните, економски напредок и квалитетен живот за сите и евроатлантски перспективи на Македонија како дел од цивилизираниот демократски свет.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести