fbpx

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок

Сé што сега власта сака да го прикаже како некоја наводна реформа, којашто започнува со интерпелација на членовите на Судскиот совет не претставува ништо друго, туку упад во уставниот поредок, во којшто законодавнавата власт сериозно се наментува и сака да изврши притисок врз судската власт, а тоа не е реформа, истакна пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски во емисијата „24 Анализа“, на телевизија 24.

Спасовски потенцираше дека реформи во правосудството треба да има, меѓутоа согласно законите и уставните приниципи потенцирајќи дека веќе се подготвуваат неколку законски решенија за системски промени.

-И во националната развојна стратегија, а денеска имавме Национален развоен совет, еден од приоритетите за носењето на реформата е токму законот за Судскиот совет, покрај законот за судовите, законот за јавно обвинителство итн., Сметам дека ако сакаме реформа, владата мора да излезе со план, да видиме кој е планот, како да се направи таа реформа, што треба да се промени во законскиот текст и секако на крајот ќе дојдат човечките ресурси со кои располагаме за да се реализира една таква реформа. Мора да се направи системска реформа, а персоналните решенија нема да донесат ништо. Не е реформа со интерпелација на само 5 судии, од вкупно 13 члена на судскиот совет, а остануваат 8 судии., рече Спасовски.

Спасовски додаде дека СДСМ подава рака на власта во однос на спроведување на сериозни реформи, меѓутоа ова е еден жесток упад, што досега се нема случено во државата во однос на законодавната врз судската власт.

СДСМ го кажа јасно својот, поддржуваме реформи но ние сме против овој начин, бидејќи сметаме дека тоа е школски пример на упад во уставниот поредок на државата, така да нема да се променат ситуациите и нешатата во судството во овој момент. Потребен е широк политички консензус за вистинско спроведување на реофрмите.

-Очекуваме владата да понуди план и со конкретен план да се дојде во Собранието. Ние сме подготвени како опозиција да седнеме да разговараме и да земеме учество и одговорност заедно со власта. Тоа би било најдобро доколку направиме систем на реформи, којшто би бил консензуално усогласен, сé во интерес на државата и на граѓаните, нагласи пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски во емисијата „24 Анализа“, на телевизија 24.

Последни вести