Соопштение за јавност
Демократските процеси се незапирливи. Избран е новиот претседател на Собранието, согласно Деловникот, законите и Уставот. Согласно Уставот и законите следува и изборот на новата реформска Влада за којашто гласаа околу 700 000 граѓани, а денес ја поддржуваат многумина повеќе.
Дојде време Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се помират со реалноста.
Диктатурата за којашто зборува Никола Груевски заврши на изборите на 11 декември, кога мнозинството граѓани гласаа против неговиот режим, за промени.
Новата Влада носи живот за сите граѓани во Македонија, правда за сите, независни институции посветени на граѓаните во едно, демократско, европско општество во коешто граѓаните ќе имаат достоинствен и квалитетен живот.
Скопје 03.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА