Соопштение за јавност
Македонија има легитимно парламентарно мнозинство и нов легитимен и признаен претседател на Собранието, избран според Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија.
Демократските процеси продолжуваат во насока на формирање на новата реформска Влада.
Сите лидери на политички партии, институции, вработени во институциите се должни да го овозможат формирањето на новата Влада, без одложување.
Продолжувањето на државните процеси е врвен државен приоритет.
Погазувањето на државните интереси е неуставно и тешко кривично дело и повлекува одговорност.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане да злоупотребува граѓани за протести и да вовлекува недолжни граѓани во насилие со цел заштита на своите криминални интереси.
Скопје 03.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА