fbpx

СДСМ изразува голема почит кон професионалните новинари и најавуваме, Македонија ќе биде земја на слободни медиуми!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија ќе биде земја на слободни, професионални и независни новинари и медиуми, како што доликува на една современа европска демократска држава, во што ќе ја изградиме заедно нашата земја.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешниот Меѓународен ден на слободата на медиумите изразува голема почит кон новинарите и медиумските работници во Македонија кои за време на 10-годишниот режим, вклучително и за време на крвавиот насилен инцидент во Парламентот во четвртокот, без задршка, посветено ја вршеа својата должност за вистината да допре до граѓаните.

Тоа што се случуваше со затворањето новинари, затворањето медиуми, бркањето од работа, притисоците на нивните работни места, уцените врз нивната егзистенција придонесе Македонија и во овогодинешниот извештај на Репортери без граници да биде рангирана последна во регионот по медиумски слободи.

Но достоинството што го покажаа новинарите и медиумските работници на денот на крвавото насилство во Собранието и просторот и одговорноста што ја покажаа одредени медиуми да информираат објективно за потресните случувања по демократските процеси во државата, дава надеж дека во Македонија може да биде рехабилитирана слободата на мислата, говорот и изразувањето во опшествена смисла.

Тоа во периодот што претстои ќе биде неопходно за клучните реформските приоритети, што треба да обезбедат европска иднина на државата, а меѓу нив, како што е наведено и во Извештајот на Прибе и во Извештајот на Европската комисија е независното новинарство.

СДСМ се придружува на ставот на ЕУ дека слободното изразување и известување на медиумите придонесува кон смирување на тензиите и разликите во општеството кога граѓаните навремено, транспарентно и неселективно ќе бидат информирани преку проверени вести низ квалитетно и етичко новинарство.

Затоа на Македонија и се многу потребни промените и новата реформска Влада за коишто граѓаните дадоа поддршка.

Новата Влада се обврзува дека ќе ја почитува и заштити слободата на говор и слободата на медиумите како врвни демократски вредности на цивилизираните општества.

 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести