fbpx

Средба Заев Жбогар: Избран е новиот собраниски претседател, треба да се избере и новата Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретна со амбасадорот на ЕУ во Р.Македонија, Самуел Жбогар.
Заеднички е констатирано дека е заокружено формирањето на Парламентот со изборот на новиот собраниски претседател и дека демократскиот процес мора да продолжи со формирање на новата реформска Влада.
-Очекувам сите институции и вработените во нив да го сфатат својот дел од одговорноста во овозможувањето на развојот на демократските процеси. Новиот претседател на Парламентот е легитимно, законски и деловнички избран и низ официјална процедура во брзо време ќе го информира Ѓорге Иванов дека постои декларирано парламентарно мнозинство и дека Иванов е должен да му го даде мандатот на претседателот Заев за формирање на новата Влада, рече претседателот Заев.

Тој додаде дека е подготвен, иако Програмата на новата Влада е позната за целата домашна и меѓународна јавност, да ја реафирмира пред граѓаните и Иванов, со што ќе бидат разбиени сите неразумни аргументи со коишто Ѓорге Иванов го условува мандатот, за заштита на интересите на Никола Груевски.

На средбата е осудено крвавото насилство во Параламентот, кога беа насилно повредени пратеници, новинари и вработени и е оценето дека е неопходно да се овозможи мирен трансфер на власта.

 

 

Скопје 02.05.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести