fbpx

Иванов е должен да постапи според Уставот и да го даде мандатот за формирање Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ѓорге Иванов мора да престане со неразумното однесување и да почне да ги почитува уставните задолженија.

Многу скоро Иванов ќе добие официјално известување од новиот собраниски претседател, преку кое ќе биде информиран дека има демократски формирано легитимно парламентарно мнозинство. Од тој момент, Иванов мора да постапи согласно Уставот и волјата на граѓаните и да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата Влада.

Јавно објавената програма на новата реформска Влада ја гарантира целовитоста и унитарноста на Македонија, со што се исцрпуваат сите неразумни оправдувања за недоделување на мандатот на Иванов со кои ги штитеше криминалните интереси на Никола Груевски, а Македонија ја втурна во насилство кое кулминираше во четвртокот кога криминални структури се обидоа да убијат дел од пратениците на парламентарното мнозинство.

Македонија ќе добие нова реформска Влада за која гласаше мнозинството граѓани. Иванов ќе мора да го прекине самоволието со кое наштетува на државните и националните интереси. Секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво.

 

Скопје, 01.05.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести