Соопштение за јавност
Апсурдно е некој воопшто да помисли дека е можна амнестија за нарачателите и извршителите на крвавото насилство во Парламентот.
Барањата за амнестија до Ѓорге Иванов кои доаѓаат од организатори и мотиватори на протестите како и денешното оправдување на ВМРО-ДПМНЕ на насилствата, во официјално партиско соопштение е класична потврда дека Груевски, Иванов, Вељаноски и Чавков стојат зад органиизираното насилие во Собранието.
Спроведен е организиран обид за убиство на пратеници, а загрозена беше и безбедноста на новинари и вработени во Собранието.
Со тоа е направено тешко кривично дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Ќе има и одговорност!
Скопје, 01.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА