fbpx

Ќе следува одговорност и за нелегалната изградба на улицата на Кеј!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Предупредуваме дека за нелегалната градба на улица којашто го узурпира Кејот на Вардар и со тоа ги загрозува интересите на граѓаните ќе има одговорност!

Недозволиво и кукавички, спротивно на интересите на скопјани утрово во пет часот, спротивно на законска постапка за градба, започнаа градежни активности за изградба на улица на кејот на реката Вардар, покрај Градскиот трговски центар, без претходно да биде доставено барање и без дозвола од надлежните институции.

Станува збор за улица којашто град Скопје ја додели за изградба на бизнис партнерот на Никола Груевски, Алек Теранова којшто доколку не ја изгради, ќе изгуби 3.176 милиони евра од последната рата, пари коишто треба да му бидат префрлени заради изградба на новата зграда на Телеком. Бидејќи станува збор за нелегална градба, без обезбедено одобрение за градба, овие нелегални активности претседателот на ОО СДСМ Центар ги пријави до надлежните инситуции, општина Центар и Министерството за внатрешни работи.

Демократските процеси се почнати, Македонија ќе биде правна држава и сите кои работеле спротивно на законот ќе се соочат со одговорност!

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести