fbpx

Чупеска: Потребни се реформи а не политички деспотизам со упад во судството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Чупеска: Потребни се реформи а не политички деспотизам со упад во судството

Забелешката на секој нормален граѓанин во земјава е дека нешто длабоко со судството не е во ред и дека се потребни реформи. И за мене лично, и на ниво на партија. Но, ова што го направи власта, со интерпелацијата, е многу опасна работа, затоа што е вонуставно и вонзаконски спроведена и е школски пример за мешање на извршната власт во судската власт, со нејзиното мнозинство во Собранието, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, на гостувањето во емисијата „Трилинг“.

– Дали во ВМРО-ДПМНЕ воопшто се свесни што значи институтот интерпелација и за кого е наменет? И дали свесно ги заобиколуваат законските можности и облигации за разрешување на членовите според законот? Што значи тоа, дека утре ако му текне на мнозинството да ги разрешуваат уставните судии тоа ќе го направат?, рече Чупеска.

Таа потенцираше дека власта прави упад во правосудството, а обидот на мала врата да се смени составот на Судскиот совет е гест на политички деспотизам.

– Дали со заплашувањето, јавниот линч и сатанизација од пратеници врз судии и конкретни предмети се постигнува реформа во судството? Не. На тој начин не можат да се направат ни реформи, рече Чупеска.

Чупеска потенцираше и дека ако се сака да се направи суштинска реформа, мора да се има темелен пристап.

-Ништо нема да се направи со разрешување на петте членови коишто имаат своја, ваква или онаква историја. Значи тука воопшто не станува збор за бранење на поединечни членови. Ние го браниме уставниот принцип за поделба на власта на законодавна, извршна и Судска, рече Чупеска.

Последни вести