Соопштение за јавност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче
Филипче: Мицкоски не сака реформи туку судство по своја мерка
Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту пак независно судството, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Наместо да се спроведат вистински реформи коишто сега за прв пат после толку години се на маса, ќе се протестирало, тоа е апсурд и политика без преседан. Се поставува прашањето дали ВМРО ДПМНЕ сака тоа да го направи, ставањето на партиска капка на судството, за да заштити некои свои неправилности и криминали во работењето, а ние секој ден откриваме и ќе откриваме во следниот период се повеќе и повќе и скандали“, рече Филипче.
При тоа, Филипче нагласи дека е недозволиво и недемократски да се користи гневот на граѓаните за да се присвои судството како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ.
„Ние сме го виделе ова сценарио, сите знаеме како завршува и како функционира судството кога ВМРО ДПМНЕ ќе го стави под свое. Вистинските промени можат да се случат само доколку се случат вистински реформи, а не со притисоци и закани“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче ја повика власта да се вразумат и да пристапат кон вистински реформи на судството преку спроведување на законите од Реформската агенда кои се однесуваат на правосудниот систем.