fbpx

Мнозинската волја ќе се реализизира до крај, граѓаните да не подлегнуваат на сценаријата на Груевски!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Демократските процеси продолжуваат, по легитимниот избор на нов претседател на Собранието на Република Македонија.

Никој не може да ја спречи вербата и волјата на граѓаните на Македонија за живот, правда и придружување на Македонија кон цивилизираниот свет, преку евро-атланските перспективи.

Домашната и меѓународната јавност гласно ја поддржаа деблокадата на Парламентот. Исто така јасно ја испратија пораката на режимот во распаѓање дека ова е неговиот крај, мора да се повлече пред мнозинската волја на над 700.000 граѓани претставени преку 67 пратеници во Собранието кои сакаат да живеат во демократска Македонија.

Врвен приоритет за граѓаните и државата е да се реализира до крај волјата на граѓаните изразена на кредибилни избори преку брз трансфер на власта, согласно Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија.

Оттука, институциите мора да ги преземат сите потребни мерки да ги заштитат државните и граѓанските интереси.

Насилието врз легитимни претставници на граѓаните во Парламентот и врз Законодавниот дом е резултат на политиките на конфликт, омраза, поделби, поттикнување немири е резултат на Никола Груевски, поддржани од Ѓорге Иванов и Трајко Велјаноски и тоа не смее да се повтори.

Ќе одговараат за загрозување животи сите кои учествуваа во вечерашното насилство во Парламентот, како и за сите други злодела нарачани и спроведени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Повикуваме граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на режирани сценарија со кои Никола Груевски и тесната криминална група околу него сакаат да испровоцираат нестабилност, затоа што во тоа гледаат сопствен спас од одговорноста.

Во Република Македонија е направен огромен исчекор напред во демократските процеси. Избран е нов претседател на Собранието, а во периодот што престои процесите ќе продолжат со конечно реализирање на мнозинската волја на граѓаните.

 

Скопје, 28.04.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести