fbpx

Филипче: Бев со семејствата, ја споделив нивната болка – нивните најблиски се во сигурни раце

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Филипче: Бев со семејствата, ја споделив нивната болка – нивните најблиски се во сигурни раце

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати искрено сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан што ја потресе целата земја.

„Ова е момент на огромна и длабока тага. Вчерашниот ден го одбележа губење на млади животи, семејства останаа без најблиските, без најдрагоценото – своите деца. Цели генерации останаа со болка што никогаш нема да може да се надмине. Оваа трагедија остава трага која никогаш нема да се избрише“, изјави Филипче.

Во текот на вчерашниот ден, претседателот на СДСМ беше присутен на клиниката, каде што се сретна со семејствата на повредените, разговараше со нив и ја сподели нивната болка.

„Ги видов напорите на моите колеги лекари, нивната посветеност и сочувство кон семејствата. Сакам да ги уверам сите дека повредените се згрижени од врвни професионалци, дека се во сигурни раце и дека лекарите се борат за секој живот“, нагласи Филипче.

Тој апелираше за итна поддршка за семејствата на жртвите и повредените, барајќи од министерот за здравство, Арбен Таравари, да формира мобилни тимови од Клиниката за психијатрија, кои ќе им бидат на располагање на семејствата во Кочани.

„Овие луѓе сега се соочуваат со тешка загуба. Потребна им е психолошка и емотивна поддршка. Ги повикувам надлежните да делуваат веднаш и да обезбедат стручна помош во овие критични моменти“, истакна Филипче.

СДСМ останува посветена на поддршката на семејствата и институциите во напорите за справување со последиците од трагедијата.

Последни вести