Соопштение за јавност
Никола Груевски и Сокол Митровски продолжуваат да ги лажат граѓаните на општина Ѓорче Петров.
ВМРО-ДПМНЕ ветува канализациона мрежа во населбите Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука со години, пред секои избори, но од тоа нема ништо.
Граѓаните од овие населби ќе добијат канализација од новите одговорни власти.
Груевски не е никаков фактор за да прави увид. Тој единствено може да врши увид во докази против него во многуте судски постапки во кои е осомничен за тежок криминал и злоупотреби.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА