Соопштение за јавност
Ќе има ревизија и одговорност за набавките на скапите палми од 500.000 евра коишто завршија на депонија!
Исушените палми од 500.000 евра што се најдоа на депонија се класичен доказ дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во сè, па и во палмите гледаат тендери за лично богатење. И тоа во услови кога ја предизвикаа најголемата сиромаштија кај повеќе од 500.000 граѓани во Македонија!
Цела јавност се противеше на идејата да се садат палми поради несоодветната клима за нивно одгледување, но за Груевски и за Коце Трајановски најважно беше како да се дограбат до пари од граѓаните. Палмите завршија овенати на депонија, исто како и жалните врби од стотици илјади евра поставени во Вардар.
Ќе одговараат сите кои учествуваа во злоупотребите на пари на граѓаните и уништувањето на нивните животи.
Новата реформска Влада ќе работи транспарентно и одговорно со парите на граѓаните и ќе се посвети на нивните реални проблеми и потреби.
25.04.2017, Скопје
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА