Соопштение за јавност
Нов Клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска Влада. Како што е предвидено во Програмата за работа на новата Влада, граѓаните на Македонија ќе добијат модерен и функционален Универзитетски клинички центар, што ќе обезбедува висококвалитетни услуги за сите граѓани.
Да сакаа Никола Тодоров и Никола Груевски да биде изграден новиот Клинички центар, немаше да ги излажат граѓаните и ќе го реализираа даденото ветување од 2012 година.
Клиничкиот центар во Скопје требаше да биде готов до 2 јануари 2017 година!
Денеска е 23 април 2017 година, а од новиот Клинички центар се уште ги има само тарабите покрај кои се шетаа Тодоров и Груевски пред три години.
Вистинската причина зошто нема нов Клинички центар досега, се неодговорните политики на Тодоров, за кого беа поважни Ивонче милионче тендери наместо вистинска заштита на здравјето на граѓаните.
Ќе го преиспитаме работењето на Тодоров, вклучувајки го и скандалозниот, сомнителен тендер за Клиничкиот центар што го реализира власта во заминување со технички овластувања.
Скопје, 23.04.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА