Соопштение за јавност
Ширењето на лажни вести, насилничката реторика и создавањето поделби меѓу граѓаните, само заради заштита на криминалот е најголемото антидржавно однесување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За да ги задоволат криминалните апетити и за да се спасат од одговорност, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да го блокираат целиот државен систем и да ја жртвуваат стабилноста на Македонија и егзистенцијата на луѓето.
Програмата на новата реформска Влада која ја штити унитарноста, обезбедува владеење на правото и квалитетен живот за сите, е единствениот документ кој има јасна и силна поддршка од СДСМ но и од домашната и меѓународната јавност.
Ниту една лага, ниту една закана за наводи редефинирања, промена на знамиња и имиња, нема да ја сменат реалноста во која ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, бидејќи мнозинството граѓани одлучно гласаше против нивните промашени политики. Граѓаните гласаа против насилства, заложништва, криза, притисоци, против кршење на Уставот и законите. Тие во огромно мнозинство избраа промени и заедништво и очекуваат квалитетен живот. Парламентарното мнозинство е должно тоа да им го обезбеди и тоа ќе го направи наскоро преку целосно почитување на Уставот и законите на Република Македонија.
Парламентарното мнозинството нема да дозволи кој било и на кој било начин да ја загрози безбедноста на државата и граѓаните. Република Македонија ќе добие нов собраниски претседател, нова реформска Влада и инситуции кои ќе ја заштитат унитарноста и уставниот поредок на државата.
Порачуваме дека разгорувањето тензии и постапувањето спротивно на Уставот и законите се тешки дела против државните и граѓанските интереси, казниви по закон.
Скопје, 23.04.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА