fbpx

До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници?

Поминуваат тешки денови од страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа 59 животи, а скоро 200 млади беа повредени. Додека Македонија сè уште тагува, досега истрагата се води селективно.

Јавноста сè уште нема добиено конкретни информации и одговори од надлежните институции: Зошто никој од актуелните функционери кои биле на должност и функција кога се случила страшната трагедија не се опфатени со истрагата?

До каде е истрагата? До каде е најавеното проширување на истрагата со актуелни функционери и службеници?

Молкот на институциите е загрижувачки.

Истрагата мора да одговори за тоа:

Кој е одговорен што се случил пожарот кобната ноќ кој однесе толку жртви?

Кој е одговорен за пропустите на МВР, БЈБ, ДПИ, УЈП непосредно пред и за време на настанот?

Одговори и одговорност наместо селективност.

Обврска на државата е да ја каже вистината, да обезбеди правда за жртвите и нивните семејства и да спречи ваква катастрофа да се повтори.

Секој кој затаил и прекршил закон, мора да одговара. Без разлика на функцијата. Без калкулации. Без селективност, без заштита, буквално секој.

Последни вести