fbpx

(Документ) 75 проценти од продажбата на лекови оди на товар на граѓаните, новата Влада ќе ги заштити граѓаните!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Итно е потребно да се формира новата реформска Влада, којашто веднаш ќе се посвети на заштита на здравјето на граѓаните!

Фрапантен е податокот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс, едно од најрелевантните истражувања за Европската комисија!

Како што може да се види од табелата во прилог на соопштението, 75 проценти од вкупната продажба на лекови во Македонија паѓа на товар на граѓаните!
Само 25 проценти од продажбата на лековите ја плаќа Фондот за здравство.

Ова ја става Македонија меѓу последните 4 земји во Европа каде што државата најмалку субвенционира лекови за своите граѓани!

Владите од цел регион, на Бугарија, Србија, Словенија, Грција, на Црна Гора… повеќе им помагаат на своите граѓани, кога се во прашање субвенции за потребните лекови.

Ова им се случува на граѓаните на Македонија во услови на огромна сиромаштија, кога над 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштијата.

И наместо да им се помогне на граѓаните, тие уште остануваат без лекови на рецепт по 15 во месецот. Мораат да ги плаќаат лековите приватно, од свој џеб, затоа што така го уредила ова прашање оваа неодговорна власт во заминување.

Новата реформска Влада веднаш по формирањето ќе се зафати со решавање на овој проблем. Нашата крајна цел е да има достапни и квалитетни лекови за граѓаните на рецепт во текот на целиот месец.

Планираме и зголемување на буџетските средства за лекови. Така ќе овозможиме поголема достапност на поскапите лекови, што се од витално значење за пациентите. Со тоа ќе ги поправиме лошите резултати во ЕХЦИ индексот и ќе покажеме дека Македонија може да има и ќе има одговорна влада којашто, меѓу другото, сака може и ќе обезбеди квалитетни лекови за граѓаните, со поддршка од државата.

Скопје, 09.04.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести