fbpx

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да најде здрав разум и да овозможи мирен трансфер на власта, ќе има нова Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ мора да најде здрав разум и да прифати дека е опозиција. Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги држи во заложништво граѓаните и Република Македонија. Во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои знаат дека криминалците во нивната партија ја загрозуваат иднината и на нивните деца и тие имаат обврска да постапат разумно.

Мора да има трансфер на власта, тоа е мнозинската волја и ВМРО-ДПМНЕ И Горге иванов се должни да овозможат мирен трансфер на власта!

Волјата на мнозинството граѓани е јасна и исто така 700.000 граѓани, преку 67 пратенички мандати имаат право и обврска да го изберат новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада.

И тоа ќе се случи согласно Уставот, Деловникот и законите.

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не смее да поттикнува насилство врз мнозинството од граѓаните и парламентарното мнозинство, поради заштита од одговорност за своите криминали.

Не смее да прават поделби и да шират омраза помеѓу граѓаните за заштита на криминалните и нафтени платформи.

Покрај јасно изразената волја на мнозинството од граѓаните за промени, и целата демократска меѓународна заедница повика на почитување на демократските принципи, на здрав разум и на мирен трансфер на власта.

Неколкумина криминалци нема да ја одредуваат иднината на нашите деца.

 

09.04.2017, Скопје

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести