fbpx

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од насилството врз парламентарното мнозинство, ќе се формира новата Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мнозинската волја на граѓаните ќе биде испочитувана и според Уставот, Деловникот и законите ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада.

Мнозинската волја на 700.000 граѓани е преточена во 67 пратенички мандати, со што Република Македонија има легитимно формирано парламентарно мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ е опозиција. Недозволиво е насилството што го прават врз мнозинството граѓани и парламентарното мнозинство неколкумина криминалци и нивни соработници во ВМРО-ДПМНЕ, во коишто спаѓа и Никола Тодоров.

Никола Груевски, Тодоров, Димовски, Милошоски не се повеќе фактор на одлучување.

Не може неколкумина криминалци од врвот на ВМРО-ДПМНЕ да ги доведуваат во ризик интересите на граѓаните и државните интереси на Р.Македонија.

Потребен е здрав разум, раководството на ВМРО-ДПМНЕ ДПМНЕ да се повлече од провокации, разгорување етнички тензии и омраза и мирен трансфер на власта. На тоа повика цела демократска меѓународна заедница. Тоа го очекуваат и граѓаните на Македонија.

По кредибилните избори, формираното мнозинство и Програмата на новата Влада на унитарна Македонија, демократските процеси продолжуваат кон формирање на новата Влада и реформи што носат живот за сите во Р.Македонија.

 

Скопје 08.04.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести