fbpx

И целата меѓународна заедица се огласи, по домашната, итно да се формира новата Влада, Иванов и Груевски да не кочат!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ѓорге Иванов и Никола Груевски не смеат повеќе да штетат на граѓаните и на државните интереси на Република Македонија доведувајки ја во ризик стабилноста на земјата.

Мора што побрзо да се овозможи избор на новата реформска Влада.

Ова е волјата на 700.000 граѓани, изразена на кредибилни избори преку легитимно мнозинство од 67 пратеници. Но ова се и децидни очекувања од целата демократска меѓународната заедница изразени преку најконкретни пораки до Иванов, Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои го кочат демократскиот процес во Македонија.

Најновите апели дојдоа од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и од пленарната седница на Европскиот парламент.

Европратениците повикаа да се овозможи “земјата да продолжи по евроатлантскиот пат“ како и да се спроведуваат реформи, наместо политичари “да ги насочуваат своите поддржувачи кон улични протести што предизвикуваат меѓуетничка недоверба и нетолеранција“.

Со писмо, генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, повикувајки се на став на сите членки на НАТО синоќа апелираше “да се почитува правото“, партиите да се воздржат од “реторика што сугерира делби и разгорува етнички тензии“, а лично на Иванов му порача да ги почитува Уставот и демократските норми!

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, претходно укажа дека на декларираното мнозинство според Устав и закон мора да му се овозможи да го избере новиот претседател на Собранието, како и да се овозможи натамошно одвивање на процесите со брзо формирање на новата Влада!

Во име на лидерите и институциите на ЕУ, директна порака во Македонија пренесе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск кој лично на Иванов му укажа дека се потребни демократски начела, пристојност и здрав разум!

Посебно се огласија и европратениците Иво Вајгел, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн кои учествуваа во олеснувањето на политичката криза во Македонија. И тие оценија дека неоправдано се пролонгира кризата со последици на влошување на меѓуетничките односи и повикаа на нејзино надминување преку спроведување на демократските процеси.

Претходно, еврокомесарот Хан повика Иванов веднаш да го даде мандатот на цврстото мнозинство, а високата претставничка за надворешна и безбедноста политика Могерини испрати сериозна порака да престане играњето со оган и да се овозможи избор на нов претседател на Собранитето на Р.Македонија.

Овие пораки од мегународната заедница доаѓаат по очекувањата на граѓаните на Македонија да се реализира мнозинската волја на изборите за промени и правда!

СДСМ укажува дека е неопходно Иванов и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да штитат лични криминални интереси и веднаш да одговорат на својата обврска за деблокада на демократските процеси и мирен трансфер на власта. Ќе има нова реформска Влада во Македонија!

Последни вести