fbpx

СДСМ: Со платите граѓаните купуваат се помалку, животот е поскап – економијата во пад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност, прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

СДСМ: Со платите граѓаните купуваат се помалку, животот е поскап – економијата во пад

„Оваа Влада не е само неспособна – таа е опасна за стандардот на граѓаните. Од ден на ден, народот живее се полошо, а Владата гледа само статистики, не гледа луѓе.“ – рече Кузеска.

На прес-конференцијата, СДСМ го потенцираше контрастот меѓу реалниот живот на граѓаните и сликата што Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја прикаже. И покрај ветувањата за раст на платите и подобар живот, се случува спротивното: платите стагнираат, а трошоците растат.

„Семејство со минимална плата не може да си дозволи ни храна, ни лекови, ни сметки. Тоа не е живот – тоа е борба за преживување“, потенцираше Кузеска.

Дополнително, СДСМ предупредува дека новата пресметка на потрошувачката кошничка – со фокус на тричлено семејство и исклучување на ‘луксузи’ како овошје – е директен обид за манипулација.

Последни вести