fbpx

Здрав разум мора да проработи наместо нафтата на Мијалков, Иванов да овозможи мирен трансфер на власта!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ѓорѓе Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, наместо да штити криминалци.

Се потврди сценариото на Иванов и Никола Груевски за блокада на демократските процеси за криминални интереси.

Слушнаа граѓаните дека шест милиони евра потрошил братучедот на Груевски, Сашо Мијалков во јануари и во март за да купи депо за нафта.

Додека луѓето протестираат надвор, Мијалков ја купува Ом Петрол, чиј управител е неговиот син!

Протестите и блокадата на Собранието на Мијалков и Груевски се со цел да го шират богатството од нафтени складилишта и од повеќе бензиски пумпи.

Цела домашна и меѓународна јавност гледаат што се случува! Никаков патриотизам не е во прашање – криминали се!

Затоа лидерите и институциите на ЕУ, преку претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск побараа демократски начела, пристојност и здрав разум од Горге Иванов.

Никој не смее да го кочи заедништвото кое е јасно нагласено и за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.

Интергациите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија.

Реформските процеси се врвен приоритет во Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани.

За заедништво, промени и правда се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чиишто гласови се преточени во 67 пратенички мандати.

Тоа е демократски формирано парламентарно мнозинство, кое што застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира. Ќе се формира новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија!

 

Скопје 04.04.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести