fbpx

Филипче: Кризата во владината коалиција е резултат на партиски интереси и неспособност да се решаваат проблемите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Кризата во владината коалиција е резултат на партиски интереси и неспособност да се решаваат проблемите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Дневникот на Сител Телевизија оцени дека кризата во владината коалиција е директна последица на неспособноста на актуелната власт да се справи со реалните проблеми на граѓаните.

„Ги следиме придвижувања во владината коалиција. Сметам дека е тоа знак, всушност манифестација на тоа што сите до сега го гледаме и сведочиме, тоа што практично не се решаваат никакви работи. Еве гледате и од страна на министрите од ВЛЕН каков хаос е и во здравството и во екологијата. Зарем гледате дека нешто се работи? Апсолутно ништо не се работи. Очигледно е дека се заинтересирани само за своите партиски интереси, сега во контекст на локалните избори, која општина ќе ја земе, на кој начин може да ја земе и на колку советници може да смета“, истакна Филипче.

Филипче оцени дека актуелната криза само ги покажува слабите темели на кои била изградена владината коалиција.

„Сепак, да видиме како ќе заврши таа криза, што трае подолго време, сега само излегува на површина. А се поставува прашањето на колку здрава основа била поставена коалицијата и кога се правеше владата минатата година, но тоа оставам на нив“, додаде Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ е подготвен за избори, доколку дојде до таков развој на настаните.

„Меѓутоа, доколку е тоа вовед во парламентарни избори, ние сме апсолутно подготвени. Апсолутно е партијата во кондиција да трча и на локални и на парламентарни избори“, истакна претседателот на СДСМ.

Последни вести