fbpx

Го осудуваме симнувањето државно знаме во Куманово, а Груевски да престане да си игра со стабилноста!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Го осудуваме симнувањето државното знаме на Р.Македонија од јарбол во центарот на Куманово.
Повикуваме граѓаните да не потпаѓаат под провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се.

Сите вакви инциденти одат во прилог на насилните политики на Никола Груевски и на тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во подгревањето меѓуетнички тензии и помеѓу припадници на иста етничка група гледаат обид за спас од одговорност за направените криминали.

Во таа насока се и лажните вести на медиумите под контрола на Никола Груевски, кои го користат овој изолиран инцидент за лаги и нови провокации.

Граѓаните знаат дека постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија, достапна и на Веб страницата на СДСМ на следниов линк: http://sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=7681&lng=1, каде што може да се види дека државните симболи не се предмет на Програмата.

Тие се единствено предмет на Никола Груевски кој преку поделби и форсирање бинационална држава, бара начин да избегне одговорност за направените злодела врз граѓаните, дури и по цена на штета на стабилноста и мирот на граѓаните.

Македонија ќе добие нова реформска Влада и ќе биде правна држава, а сите кои работеле спротивно на законот, ќе одговараат. Тоа Никола Груевски и кој и да е друг, со ништо не може да го спречи.

 

Скопје 31.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести