fbpx

Груевски е изолиран политичар, ниту едно лобирање за негова амнестија нема да му помогне да се спаси од одговорност!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пораките во Резолуцијата усвоена од Европската народна партија се уште еден доказ дека Груевски е изолиран политичар која ја изгуби довербата од сите значајни меѓународни политички субјекти. Пораките содржани во Резолуцијата го осудуваат сè она што Никола Груевски и го прави на Македонија.

Европската народна партија јасно стави до знаење дека не толерира корумпирани политичари и корупциски скандали, дека ги осудува провокациите и агресивното однесување кое претставува закана за мирот и стабилноста и истовремено повика на воздржаност од етнички провокации.

И Резолуцијата на Европската народна партија, како и заклучоците на германскиот Бундестаг во кои се вели дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција, се јасни пораки до Груевски и Иванов да престанат со непресметливото однесување кое ги загрозува државните и национални интереси на Македонија и интересите на граѓаните.

Демократските процеси се незапирливи, следува избор на нов претседател на Собранието, доделување на мандатот и нова реформска влада која ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Скопје, 30.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести