fbpx

Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици а беше ослободен од МВР, се поставува прашањето кој ќе сноси политичка одговорност?

Дали лично градоначалникот Стефковски се јавувал во Министерството за внатрешни работи за да изврши притисок за ослободување на неговиот брат?

Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно раководење, а не злоупотреба на позицијата за заштита на привилегирани функционери, роднини и пријатели на ДПМНЕ.

Тошковски беше принуден јавно да го признае скандалот со братот на Стефковски откако беше фатен жив, но граѓаните не се наивни, знаат дека да не го објавеше СДСМ ќе се криеше и понатаму и никој немаше да биде сканкциониран.

Кој ќе ја преземе сега политичката одговорност за овој скандал?

Последни вести