fbpx

Новата Влада на граѓаните ќе обезбеди современо јавно здравство, заврши времето на Тодоров!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новата реформска Влада ќе ги изгради, реконструира и ќе ги опреми општите и клинички болници во Македонија за да осигура дека секој граѓанин ќе ја добие потребната здравствена грижа.

Освен што ќе го направиме бесплатно болничкото лекување за сите, ќе овозможиме и достоинствени услови за лекување на клиниките. Ќе изградиме нов, современ, функционален, универзитетски Клинички центар за граѓаните.

Никола Тодоров нема веќе што да им ветува на луѓето. Тие секојдневно ги чувствуваат катастрофалните политики со кои во изминатите 10 години ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше здравството.

Тодоров уште од 2013 година најавува набавка на опрема за Општата болница во Струмица, но се уште нема ништо од тоа што го вети. Денешното ветување на Тодоров за набавка на нова опрема за болницата е истото од мај 2016 година кога вети дека набавката ќе се реализира во јуни 2016, што не се случи.

Ако сакаше, Тодоров досега можеше да ја опреми болницата, но тој мислеше на тендери. Времето на лажни ветувања на Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ заврши. Тендер политиките заминуваат заедно со неодговорните и корумпирани политичари.

Здравјето на граѓаните е врвен приоритет за новата Влада. Затоа сме цврсто определени да создадеме квалитетно, ефикасно и модерно јавно здравство според успешни примери од европски земји.

Затоа неопходно е претседателот Заев да го добие мандатот. Следува избор на претседател на Собранието, а потоа и формирање нова реформска Влада за граѓаните.

Скопје, 26.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести