fbpx

Новата Влада е народот, не Груевски!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

700.000 граѓани на кредибилни избори, преку своите 67 избрани пратеници во Парламентот гласаа за промени и за нова реформска Влада.

Никола Груевски не е повеќе факторот што кажува по кој пат ќе оди Македонија, изолација или напредок.

Груевски не е народот.

Груевски е уплашен осаменик кој злоупотребува медиуми за да лаже и вознемирува граѓани. Злоупотребува деца, ученици за лични цели. Дели луѓе. Шири омраза. Се плаши дека ќе одговара за криминалите и злоделата и подготвен е за своите цели и интереси да ја турне земјата во длабока политичка криза со несогледливи последици.

Граѓаните тоа нема да го дозволат. Граѓаните од сите етнички заедници стојат заедно зад Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија.

Мнозинската волја на граѓаните мора да се почитува. Има легитимно парламентарно мнозинство. Ќе има и нова Влада на граѓаните на Македонија.

Скопје, 26.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести