fbpx

Демократските процеси се незапирливи, ќе се формира новата реформска Влада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Волјата на граѓаните е изразена на кредибилни избори реализирани на 11 декември.
Тие избори му одговараа на Никола Груевски додека се обидуваше да состави Влада, кога ги прифатил сите барања на албанските партии, освен работата на СЈО, како што е јавно соопштено од преговарачите.

Нема право Груевски со тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да ја продлабочува политичката криза и да ги кочи перспективите на граѓаните и европската иднина на Македонија, само затоа што тој не успеал да формира Влада и се плаши од одговорноста за направените криминали и злодела.

Македонија мора да оди напред и ќе биде правна држава во којашто правото и правдата ќе важат подеднакво за сите.

Низ демократски процес е формирано новото парламентарно мнозинство кое што е составено од 67 пратеници. Тие пратеници ја претставуваат волјата на 700.000 граѓани!
Мора да се почитува реалноста, а тоа е новото мнозинство во Парламентот. Согласно тоа ќе мора да течат процесите на формирање на парламентарните тела, изборот на нов претседател на Собранието и доделувањето мандат за состав на новата Влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција. Демократските процеси се незапирливи. Ќе се формира новата реформска Влада!

Скопје, 22.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести