fbpx

Ги поддржуваме родителите, децата веднаш да се заштитат од партиските протести, ќе има одговорност!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ги поддржуваме родителите кои остро се спротивставуваат на злоуопотребите на нивните деца за протести.

Порачуваме дека многу брзо ќе има промена на власта и дека оние кои учествувале во притисоците врз ученици и оние кои тоа не го спречиле, ќе се соочат со одговорност.

Никој нема право да принудува деца да бојкотираат настава за да одат на националистички протести на кои се шири етничка омраза. Ниту пак е дозволиво да не ги заштити децата, независно дали се работи за раководство на училишта, на општини или надлежни органи што имаат должност да реагираат.

Поднесени се кривични пријави против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, и против директор на прилепското средно индустриско училиште „Ристе Ристески – Ричко“, Жарко Темелкоски, затоа што влегоа во кривично дело!

Надлежните институции мора да постапат против секој во училиштата или задолжен за нив, кој ја злоупотребува својата функција или позиција за овие цели и на тој начин ја загрозува и безбедноста на децата.

Директорите и професорите во училиштата, градоначалноците под чии ингеренции се училиштата, од Министерството за образование, имаат обврска да спречат вмешување деца во партиски цели.

Апелираме посебно до директорите и професорите, да не влегуваат во сценаријата на Никола Груевски и неговите соработници кои се подготвени да ги жртвуваат и нив и учениците, само затоа што им треба параван за заштита на нивните криминали.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја прифати реалноста дека е опозиција, да престане со лаги да ги вознемирува граѓаните и да овозможи мирен трансфер на власта.

Она што следува е продолжување на конститутивната седница на Парламентот, мандат за состав на новата Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија.

Новата реформска Влада ќе го врати достоинството на образовните институции каде што ќе се реализира квалитетна настава со применети европски вредности на интеграција, а не на поделби.

Доаѓа време правда и на суштински промени во образованието во Република Македонија.

 

 

Скопје, 18.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести