fbpx

Потребна е солидарност – очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потребна е солидарност – очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и грижа.

Намерата е искрена и исклучиво за помош и поддршка на оние кои изгубија најмногу – своите блиски, на оние кои се повредени и на сите кои имаат потреба од помош во овие тешки моменти

Законот предвидува директна и конкретна поддршка:
• финансиски надомест за семејствата на загинатите,
• поддршка за повредените лица, вклучително и оние со трајни последици,
• поволности в образованието за деца кои се отустни од настава поради лекување,
• конкретни мерки во здравството, работните односи и социјалната заштита.

Со истиот закон се опфатени и семејствата погодени од претходни трагедии – во Тетово, Ласкарци и Беса Транс – со цел институционално да се постави фер, човечки однос на грижа за жртвите и нивните семејства.

Ова се издражни законски решенија. Не за политички поени туку за поддршка на оние на кои им е потребна. Секако не може да ја залечи преголемата болка, но е минимален израз на солидарност и сигнал дека државата стои зад своите граѓани во најтешките моменти.

СДСМ верува дека кога станува збор за солидарност и човечка грижа, не смее да има партиски разлики.

Ги повикуваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги преиспитаат своите ставови, да се издигнат над политиката и да дадат поддршка за овој закон кој ја потврдува најважната вредност – дека сме луѓе и дека може заедно да направиме нешто кога е најтешко.

Во СДСМ сме спремни да прифатиме и предлози од ВМРО-ДПМНЕ за модификација на законското решение, да постигнеме консензус и да биде заеднички предлог.

Повикуваме на разум, човечност и единство барем кога станува збор за оние што изгубија сè.

Последни вести