Соопштение за јавност
СДСМ како политичка партија секогаш се залагала и ќе се заложува за слобода на медиумите и објективно, професионално и непристрасно известување на медиумите.
Апсурдни се обвинувањата на телевизијата НОВА дека СДСМ била против слобода на изразување, само затоа што нивниот сопственик, Сеад Кочан, бизнис партнер на Никола Груевски е осомничен за криминал.
СДСМ јасно е определена за независни медиуми што ќе ја гарантираат слободата на мислата и изразувањето, исто како и за независно судство, кое што ќе обезбеди правда во Македонија, затоа што независноста на институциите во државата се темел на демократијата.
Скопје, 16.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА