fbpx

Демант: Медиумите под контрола на Груевски да го повлечат фалсификатот за кој кривично се одговара

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Груевски и медиумите под негова контрола нема да ги спречат промените и одговорноста за направените криминали.

Курир и медиумите поврзани со Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат со лажни вести да го покријат нивниот очај и страв од промените и одговорноста за направените криминали што следува.

Лага е дека неколку општински организации на СДСМ се заканувале со наводно напуштање на партијата.

За лагите е направен фалсификат на меморандум што е кривично дело.

СДСМ бара итно повлекување на лажната вест и на фалсификуваното писмо и извинување од Журнал, Курир и од медиумите што ја објавија. Во спротивно ќе следуваат соодветни пријави и тужби.

Ниеден фалсификат ниту лажна вест по нарачка на Груевски нема да ги спречат демократските промени во Македонија.

 

Скопје,11.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести